| |

(Видео) Османи: Бугарите да влезат во Уставот на РС Македонија

„Мислам дека најдобриот начин да се отфрли тезата на Република Бугарија, дека ние правиме притисок како држава, како влада, кон граѓаните, коишто сакаат да ги изразат своите национални бугарски чувства е понудата повелете ќе можете слободно да бидете и во Уставот како дел од бугарскиот народ, како бугарска етничка заедница“, изјави министерот за надворешни работи на РС Македонија во емисијата „Трилинг“ на ТВ24.

Османи ги повика граѓаните со бугарска етничка припадност да му се обратат нему, ако врз нив е вршен било каков притисок поврзан со нивната самоопределба.

„Еве јавно кажувам, нека се јават било кои асоцијации на Бугарите, било кој граѓанин, кој што смета дека државата на било кој начин, му ги ограничува правата да ги искаже своите етнички културни карактеристики и да ги промовира нека се јави кај мене. Јас ќе видам преку институциите на системот, затоа што не видов, таков механизам во државата, кој спречува на било која заедница, да ги искаже своите културни карактеристики“, вели Османи во емисијата „Трилинг“.



Слични Објави