ЈУНКЕР: ОРБАН НЕ Е ЕВРОПСКИ ЛИДЕР

Во интервју за „Евроњуз“ претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер изјави дека не го смета Виктор Орбан за европски лидер.

Јункер вели за Орбан дека тој е унгарски лидер.

„Негов приоритет е неговата држава, а не Европа. И тоа е огромна грешка. Ако се интересираме само за сопствената држава без да гледаме во поширок европски контекст, тогаш ние не сме европски лидери туку слепи национални лидери“- истакнува Жан Клод Јункер.