| |

ВМРО-ДПМНЕ: ИДНИНАТА ШТО ЈА НУДИ СДСМ Е СОСТАВЕНА ОД КРВАВИ ТЕНДЕРИ И КРИМИНАЛ

Стерилните и исти прекопирани соопштенија на СДСМ не може да ја убедат јавноста дека Македонија ја чека светла иднина. Напротив Иднината што СДСМ на Република Македонија ја понуди под „живот“ е иднина само за владините функционери кои секојдневно се вмешани во корупција и криминал.

Парите на граѓаните од државната каса се излеваат и претураат во џебовите на власта преку „Криминални иновации”, „Крвави тендери”.

СДСМ понуди енормни задолжувања, смртоносна економија и некомпетентни политики кои ја  осиромашија државата.

Со ваква „политика“ на власта во ЕУ и НАТО не се оди. СДСМ Република Македонија не ја носи во ЕУ и НАТО, туку на македонските граѓани донесе штетен договор со кој ги продадоа националните и државните интереси. СДСМ со еден потпис се откажа од идентитетот целосно загрозувајќи го институционалниот идентитет како еден од основните обележја од идентитетот на државата и македонскиот народ.

Нема граѓанин во Република Македонија кој не изрази разочарување за криминогеноста на власта. Тоа е показател колку е уназадена државата откако Заев и СДСМ  се на власт.

Со СДСМ  нема иднина за Република Македонија.

Граѓаните многу брзо ќе пресудат Зоран Заев, а Македонија ќе победи, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.



Слични Објави