|

Сијарто: Нема да го поддржиме холандскиот премиер како шеф на НАТО

„Унгарија сигурно не може да ја поддржи кандидатурата на холандскиот премиер Марк Руте за функцијата генерален секретар на НАТО“, изјави министерот за надворешни работи на земјата.

„Сигурно не можеме да поддржиме избор на личност на функцијата генерален секретар кој претходно сакаше да ја фрли Унгарија на колена“, рече Петер Сијарто на прес-конференција во Будимпешта.

„Би било многу чудно ако унгарската влада ја поддржи кандидатурата на таква личност“, додаде тој.

Холандскиот премиер беше силен поборник за почитување на правилата кои овозможуваат пристап до буџетот на ЕУ. Унгарија имаше милијарди евра блокирани поради владеењето на правото.

Руте сега сака да го замени Норвежанецот Јенс Столтенберг на чело на западната воена алијанса. Но, за тоа му е потребна поддршка од сите членки, што значи дека Унгарија има право на вето на таа одлука.

Руте во моментов нема јавни противници, а има силна поддршка од Германија, Велика Британија и САД.

Слични Објави