Оддавање почит пред паметта на д-р Константин Мишайков во црквата “Св. Богородица” во Битола, по повод 143-годишнината од неговата смрт
Пишува: Зоранчо Маринков
Д-р Константин Мишајков во 60-тите години на XIX век, со негови пари – 400 лири, купува место во центарот на Битола и потоа го подарува на Битолската българска општина, за изградба на црквата “Св.Богородица” и на училиште. Бидејќи недостасувале уште пари за купување на местото, тој го заложил целиот накит на жена му – обетки, нараквици, прстени, ѓердани, дијаманти за да подари уште 160 лири за купување и на ханот што бил изграден на тоа место.
Д-р Константин Мишајков лично учествувал и во изградбата на црквата, а за сите средства што ги подарил, тој побарал од битолската бугарскка општина само едно – да постави над црковната врата плоча со надпис на донаторот. Плочата била поставена на влезот од црквата “Св.Богородица” во Битола, на 25 март 1876 год.
Сега истата таа плоча е искршена и се наоѓа во дворот на битолската црква “Св.Димитрија”. Некоја нечиста рака се обидела од текстот да ги избрише зборовите “БЪЛГАРИ/БЪЛГАРСКА/БЪЛГАРСКИ”, напишани на плочата на бугарски и грчки јазик.


Во 1876 год. Османските власти, исплашени од дејноста на големиот родољубец го принудиле д-р Мишайков да ја напушти Битола. Тој се прибрал во Пловдив, каде што починал на 16 септември 1880 год. (стар стил).
Поклон пред светлата му памет!
Делото на д-р Константин Мишајков во Битола, можеби најдобро го опишал големиот преродбеник Кузман Шапкарев во неговата автобиографска книга “Материали за възраждането на българщината во Македония”. Шапкарев во учебната 1873/74 год. бил учител во Битола и лично се познавал со д-р Мишајков.
“Кога толку многу се намножија Бугарите во Битола, нивната мала црква “Св.Недела” не одговараше на црковните им нужди, затоа што освен што е далеку надвор од градот, таа не ги собираше ни половината од оние што одеа на служба во неа, па затоа беше неопходно на сред зима повеќето луѓе за да присуствуваат на црковна служба да излезат во дворот, под отворено небо.
Имаше потреба од голема црква, во центарот на градот; за пошироки и свои училишта, уште поголема. (Отпочеток, училиштата се сместуваа во приватни изнајмени куќи.) Друга готова црква немаше, за да можат да претендират нед неа, освен едната голема, храм “Св.Димитрија”, но која макар и да беше изградена од сите граѓани, ја држеа гркоманите, како и заедничките училишта.
Затоа, тие одлучија да купат место за изградба на црква и училишта. Такво место се најде, еден хан на Ленски пазар, која можел целосно да ги задоволи нивните тогашни црковни и училишни потреби. Но,со што би се купил тој?
Пари немало пари, а пак и не барале малку – 800 лири или повеќе сакаа за ханот. Кој да ги даде? Одкаде да се земат? Ете непремостлива пречка за успехот на бугарштината во Битола. Еве едно прашање, од чие решение зависил успехот или назадувањето на бугарштината! Камо да имавме некои Зосимадовци или Зарифовци? Камо да имавме барем некој Априлов или Евлоги Георгиев?
Но, ете се појавува и таков, па дури и нешто повеќе од таков, како што ќе видиме директно. A тoa е незаборавниот лекар Константин Мишајков, кој заслужува вечно сеќавање од страна на сите бугари воопшто, а особено од битолските – одделно. Покојниот д-р К.Мишајков во овој случај на дело го покажа неговиот најжежок и најнеповторлив патриотизам, што никој друг во Македонија го нема покажано, ако не го сметаме оној на Георгија Гогов од Воден, кој го потроши целиот свој имот, поттикнат од таков патриотизам.
Незаборавниот д-р Мишајков, реков погоре, се покажа како нешто повеќе од Зосимадовци, Зарифовци и Априловци, бидејќи сите тие дадоа навистина огромни суми за полза на народот, но дадоа од нивниот вишок и пак уште останало во нив. Но, Мишајков даде сè што имаше, без да остави ниту пет пари за себе. Затоа тој заслужува многу повеќе пофалби и благодарност отколку споменатите.
Тој имал вкупно 400 лири, коишто ги заштедил од неговата докторска професија. Ги дава сите до една, ги подарува на општината со следниве услови:
а) да се купи со нив ханот, за да се направи на неговото место бугарска црква и бугарски училишта, во кои бугарскиот јазик ќе служи засекогаш;
б) никогаш никаква камата да не бара за парите од општината, па дури ни главницата, што тој ја подарува;
в) само додека тој и неговата сопруга се живи, да земаaт закупнина од двата надворешни дуќани, a по неговата смрт да ја зема неговата сопруга, по чија смрт да си останат на општината, како дуќаните така и целиот хан;
г) за единечна награда за донираните 400 лири, покојниот побарал од општината само едно – да постави над патната црковна врата плоча со надпис на донаторот и на неговите услови;
д) до крајот на животот тој да биде постојан и неотстранлив член на општината.
Добро, 400 лири се пронајдоа благодарение на д-р Мишајков. Ами други, уште толку од каде да се најдат? Друг Мишајков не се појави за да ги даде; друг и ако давал, не ги подарувал, туку ги давал за условена камата и за одреден период. Се собрале уште 200-300 лири помеѓу првенците, но со камата и рок.
Како и да било, неопходното количество наближувало да се дотокми – недостигале само уште 160 повеќе лири. Немало кој да ги даде, дури и со камата. Потоа повторно истиот д-р К. Мишајков, вечна му памет, го зел целиот накит на жена му – обетки, нараквици, прстени, ѓердани, дијаманти итн. па ги заложил кај еден турчин или евреин, не се сеќавам добро, да ги земе неопходните 160 лири со камата, и така соодветната сума беше дополнета и ханот беше купен.
Во него, со бесплатна помош од народот и со помош на влијателни турски бегови, и покрај протестите и предавствата на грчкиот епископ и разгневените грчеешти се влашки првенци, беше изграден еден доста обемен параклис. Од собите на ханот, некои се претворија во училиштата, додека други се користат за општински состаноци.
Статија во весник Марица, за Македонската Дружина, публикувана три дена по смртта на д-р Мишајков.
“Меѓу главните застапници за македонското воздигнување, стои на чело покојниот доктор Константин Мишајков, чиишто напори и жртви ја беа возбудиле омразата на нашите непријатели. Тие го принудија да го напушти своето родно место и да ги заврши неговите последни денови, ако не во целосно туѓа земја, тогаш барем “далеку од роднини и пријатели, од ти што ги виделе неговите напори и добри дела, оние коишто најдобро можат да ја почувствуваат загубата што ја трпи таа земја во неговиот лик.
Тој како во минатото, така и сега пред часот на неговата смрт, оставил во завет еден доста значаен дел од неговиот имот за Бугарското училиште и црква во Битола. Ова покажува колку живо се интересирал за судбината на Македонија.
Да се надеваме дека примерот на овој добродетел и поборник ќе го следат повеќе наши сонародници. Да се надеваме дека неговиот пример ќе послужи на сите нас, да се жртвуваме за оваа земја, за што поскоро да ја видаме во онаа состојба, во која сите ние посакуваме”.
Публикувано во весник “Марица”, 19.09.1880 год.