Одбележуваме 141 година од раѓањето на големиот костурски војвода на ВМОРО Пандо Кљашев
На 29 септември 1882 г. во с. Смрдеш, Костурско е роден големиот револуционер и војвода на ВМОРО – ПАНДО ЈАНАКОВ КЉАШЕВ. Образованието го стекнал во родното село, Костур, Солун и Битола. Во револуционерното дело се вклучил како ученик во Бугарската гимназија во Солун, 1898 г. Кратко време бил учител во родното село, а од јули 1901 г. е четник во четата на Марко Лерински од Котел, а потоа станува и војвода. Учествувал како делегат од Костурскиот револуционерен реон на Смилевскиот конгрес. За време на Илинденското востание е член на Костурското горско началство и учествува во нападот кај с. Вишени и ослободувањето на градчињата Невеска и Клисура. Зимата 1903-1904 г. ја поминал во Бугарија, од каде во 1904 г. се вратил во Битолскот округ. Потоа станал војвода на чета во Костурско. Во 1906 г. е избран за член на Битолскиот окружен револуционерен комитет. П. Кљашев загинал со цела чета од 14 борци на 31 јули 1907 г. во борба со турскиот аскер во близина на с. Дреновени, Костурско. Пандо Кљашев се самоубил.
“Роден сум во с. Смрдеш (Костурско), на 29 септември, 1882 г. Татко ми беше ѕидар, родум од Смрдеш, а мајка ми од блиското с. Брезница. Во своето село учев од прво до четврто одделение, во Бугарското училиште. Во Смрдеш живеат најзапалените гркомани. Во Костур завршив трети клас, а од четврти до шести клас учев во солунската гимназија. Седмиот клас го учев во Битола. Гимназијата ја завршив во 1899-1900 година. Идната година бев учител во Смрдеш, а на крајот на учебната година, во јули и пристапив на востаничката чета и оттогаш сето време го минував со четите. Уште во Солун, на 20 декември 1898 година, заедно со неколку другари од класот (шести клас), бев вклучен во револуционерното дело… Од книгите што ги имав прочитано, кои извршија влијание врз мене, се сеќавам на расказите од Каравелов, „Под игото” од Вазов и делата од Ботев.
Борбата меѓу гркоманите и Бугарите беше жестока, а во Костенаријата (костурско) селата и сега се гркомански, под патриаршијата. Првите никулци на Организацијата ги донесе Апостол Димитров, родум од Дъмбени, а учел во Солун. Кога борбата меѓу Бугарите и гркоманите се разгори, Димитров, како учител во Смрдеш, не можеше да направи многу. Тој беше учител уште, кога јас бев прво одделение – околу 1890-1891 година… До 1895 година Димитров работеше само за Бугарштината, а против Грците.”