| |

Денков: Не протеравме свештеници, туку луѓе кои работеа против националните интереси на Бугарија

„Дозволете ми да кажам многу јасно дека ниту еден руски свештеник не бил протеран. Протерани се луѓе кои работеле против националните интереси на Бугарија“. Ова го изјави бугарскиот премиер академик Николај Денков во врска со состојбата со Руската црква во Софија, јавува БГНЕС.

„Она што треба итно да се направи е, да се отвори црквата за да можат мирјаните да влезат внатре. Процесот треба да се организира целосно во рамките на Бугарската православна црква, истакна Денков и посочи дека вчера имал средба со претставници на Светиот синод, на кој им порачал дека ќе им се обезбеди се што им е потребно од државата.

„Но, се разбира, не можеме директно да се мешаме во процесот“, нагласи тој и додаде дека нотарскиот акт на Руската црква е издаден во 1997 година, но допрва ќе се анализира како стојат правните проблеми со имотот, бидејќи тие треба да бидат на реципрочна основа.

Премиерот е дециден дека храмот мора да остане отворен и дека организацијата за тоа ја врши БПЦ.

Премиерот прецизираше дека протерувањето е извршено по стандардна процедура.

Денков додаде дека видел порака дека бугарскиот амбасадор во Москва е повикан во руското МНР, но не побарал конкретно информации.

„Но во секој случај, дури и да биде повикан, ова нема да ја смени одлуката на ДАНС. Го прочитав извештајот, доволно е јасно дека има причина овие луѓе да не бидат пуштени повторно во Бугарија во следните 5 години“, прецизираше тој.

Слични Објави