ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА ЗА ДЕЦА ВО СОФИЈА

Книги за најмладите објавени во изминатите три години ќе бидат претставени на Деновите на македонската литература за деца кои ќе бидат отворени вечер од 18 часот во македонскиот Културно-информативен центар во Софија.

Настанот е инициран од издавачката куќа „Едука Мак“, специјализирана за литература за деца. Поканети се автори на публикации и на илустрации, автори во списанието „Супер Смешка“ и наградени автори на фестивалот на поезија за деца „Стихувалки 2018“.

– Преку Деновите на македонската литература за деца се афирмира домашното литературно творештво и придонесува за збогатување на културната размена меѓу Северна Македонија и Бугарија, соопшти македонскиот КИЦ во Софија.





Претходна статија

РИСИМКИН ВО ИНТЕРНАЦИОНАЛНО ЖИРИ ЗА МЛАДИ КОРЕОГРАФИ ВО ЛИНЦ

Следна статија

„ДЕЛА НА ХАРТИЈА“ – ИЗЛОЖБА НА СТЕФАН МЛАДЕНОВСКИ ВО МКЦ

Најново од Култура