КОЛЕВ: СОСТОЈБАТА ВО ШТИПСКИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР Е ХОРОР, СО ЕВТИНИ МОНТАЖИ НЕМА ДА МЕ СПРЕЧАТ ДА ЈА КАЖУВАМ ВИСТИНАТА
Претседателот на ГДУ, Петар Колев во емисијата „168 Анализи и коментари“ соопшти дека добил фотографии од катастрофалните услови во кои се наоѓа инфективното одделение на штипскиот Клинички центар.
„Ние сме држава во која ќе се купуваат хеликоптери за Брза помош, а погледнете како ни изгледаат болниците, погледнете го ова одделение. Целото одделение е накиснато, во влага. Ако сте хоспитализирани вие треба да си носите кебе од дома.“- вели Колев.
Колев им порача на неговите политички конкуренти дека со фејк пропаганди и монтажи од хумористични емисии нема да можат да му ја затворат устата.
„Ако тие си мислат дека со такви фејк пропаганди, со тој тип на хумористични емисии монтажи, ќе ми ја затворат устата и ќе вршат притисок врз ГДУ да не зборува, го згрешиле човекот.“, изјави претседателот на ГДУ, Петар Колев во емисијата „168 анализи и коментари“ на штипската ТВ Стар.

