Одбележуваме 101 година од убиството на Панајот (Панзо) Зафиров, војвода на ВМРО и телохранител на Тодор Александров
Телохранителот на Тодор Александров, Панајот (Панзо) е роден во 1892 г, во градот Свети Николе. Влегува во редовите на ВМОРО многу млад и извршува курирски задачи. Служел во бугарската армија за време на Првата светска војна.
По војната се вклучил во возобновувањето на револуционерната организација и бил одговорен за Светиниколскиот округ. Во 1921 година бил уапсен од српските власти, но успеал да побегне од затворот во Штип. Станал комита во четата на Иван Брљо. Подоцна бил самостоен светиниколски војвода.

Загинал заедно со Тодор Александров на 31 август 1924 г. крај селото Сугарево во месноста Равна бука. Убиен е од Динчо Вретенаров, војвода во петрички округ, близок до Алеко Василев-Пашата. Погребан е до параклисот „Свети Илија“ кај селото Сугарево, мелничко, веднаш до гробот на Александров.
