Јотова: Европскиот суд за човекови права не барал никогаш од нас признавање на македонско малцинство во Бугарија

//

Европскиот суд за човекови права во Стразбур никогаш не барал од Бугарија признавање на македонско малцинство во Бугарија. Ова како одговор на новинарско прашање го изјави бугарската потпретседателка Илијана Јотова за време на нејзината посета во Охрид. Јотова пред новинарите истакна дека решенијата на Европскиот суд за човекови права се административни и го почитуваат бугарскиот Устав којшто е граѓански и не предвидува колективни права на етничка основа.

„Бугарскиот Устав не признава малцинства. Никогаш во пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур немало барање за признавање на македонско малцинство во Бугарија, затоа што Европскиот суд го почитува бугарскиот Устав“.

Јотова ги потсети македонските новинари дека и македонскиот Устав не признава малцинства туку делови од народи.

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова беше гостин на отворањето на бугарската библиотека во склоп на организацијата „Балкански хоризонти“ во Охрид.





Претходна статија

СДСМ: Замрзнат имот како нов доказ за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски да си поднесе оставка

Следна статија

СДСМ: Наставата треба да продолжи заради децата, Синдикатот да го продолжи дијалогот

Најново од Вести