| |

Кос: За да ги започне преговорите, РСМ треба ги спроведе уставните измени

Република Северна Македонија мора да ги спроведе уставните измени за да започне преговорите за членство во Европската Унија (ЕУ). Ова денеска во Скопје го изјави еврокомесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, за време на прес-конференциjaта со премиерот Мицкоски по средбата на лидерите од Западен Балкан посветена на Планот за раст на регионот, јавува БГНЕС.

„Нашата политичка цел е да се пристапи кон отворање на првиот кластер од преговорите меѓу Северна Македонија и ЕУ. Тоа значи дека РС Македонија треба да ги исполни сите услови договорени од Европскиот совет, што подразбира спроведување на уставните измени. Ова е добро познато. Како Европска комисија ја нагласуваме потребата од конструктивен дијалог меѓу Бугарија и Северна Македонија во дух на заемна доверба и разбирање. Сметам дека е важно да се помогне на Македонија во напредокот кон ЕУ, особено затоа што некои други земји од регионот веќе напредуваат кон завршните фази на процесот,“ рече Кос.

На прашањето околу предлозите на бугарски европратеници да се поднесат амандмани на извештајот на европратеникот Томас Вајц за македонскиот идентитет и јазик, Кос изјави:

„Вашето членство е најдобриот начин да се заштитат идентитетот, културата и јазикот на Македонците, бидејќи ЕУ е изградена врз принципот на различност. Словенија исто така е мала држава и откако станавме членка во 2004 година, словенечкиот стана еден од официјалните јазици. Молдавија исто така е земја-кандидат и ѝ помагаме да му се спротивстави на рускиот наратив кој го оспорува нивниот идентитет. Според мене, идентитетот не може да биде врзан за политички изјави. Тоа е нешто што сите го носиме во нашите срца и души. Идентитетот е начинот на кој се чувствуваме во сопствената земја и начинот на кој се грижиме за нашите традиции,“ порача Кос.



Слични Објави