АЗАР ЌЕ ГО НОСИ БРОЈОТ 23 КАКО БЕКАМ, ЏОРДАН И ЛЕБРОН

Еден Азар го носеше дресот со број 10 во Челси, но по трансферот во Реал Мадрид вреден преку 100 милиони евра ќе мора да одбере друга бројка.

„Десетката“ моментално ја носи Лука Модриќ, а Хрватот веќе му соопштил на Азар дека нема намера да се откаже од овој број. Сите очекуваа дека Белгиецот како втора опција ќе се одлучи за легендарната „седумка“, која во минатото ја носеа легенди како Раул Гонзалес и Кристијано Роналдо.

Сепак, Азар следната сезона на дресот ќа има број 23, пишува „Марка“.

„Седумката“ моментално ја носи Маријано Дијаз, кој ја наследи по заминувањето на Роналдо. Сепак, „Марка“ тврди, дека Азар се одлучил за оваа бројка, бидејќи многу познати спортисти ја имаат носено како Дејвид Бекам во Реал Мадрид, Мајкл Џордан и Леброн Џејмс.

Sport1.mk