ДАЛИ ИМА ПИЛОТ ВО АВИОНОТ?

Лага: 
„На прстите од двете раце може да се избројат дивоградбите од типот на куќи, угостителски објекти или хотели во заштитениот појас во Охрид. Според градоначалникот, најголем дел од тие дивоградби се гаражи, огради или некои дополнителни скали, вели министерот без ресор Едмонд Адеми во неделното интервју на Радио Слободна Европа.“

Вистина:
„Од регистрираните предмети во заштитениот дел, како што соопшти општина Охрид, 82 се однесуваат на урбана опрема, 16 се за времени објекти, осум за плажи, 80 за куќи, апартмани и сместувачки капацитети, а останатите предмети се за помали интервенции и градежни зафати на објекти.“

Кој сака нека е на власт, мене не ме интересира ни од која партија ни од каде е по потекло, ниту кому му е нешто или ништо. Мене ме интересира Охрид. А овој муабет на министерот е релативизирање и извртување на фактичка состојба со цел да не припремат дека нема да има рушење на ништо што е дивоградба, како што ни Скопје не планираа да го рушат иако бомбастично беше најавено, напротив, имаше изјави дека ќе има обиди Скопје 2014 да биде вклопено во нешто. 
Дали ДИВОПИЦЕРИЈАТА се скали или ограда?
Дали ДИВОХОТЕЛОТ во Лагадин е гаража?
Дали сите ДИВОКУЌИ се остава или шпајз?

За жал, последниве години па и децении се повеќе си споменувам латинската HOMO HOMINI LUPUS EST или ЧОВЕК НА ЧОВЕКА Е ВОЛК. Без никаков морал (одамна е изгубено тоа), без нималку свест (одамна претворени се во ѓонови околу тоа), без ни тронка одговорниост (одамна таа е претворена во ЕВРО кешарица) овие што градат ама и овие што ги поддржуваат се влезени во еден природо-уништуваќки филм кој може премногу да се одрази на биоветот во и околу езерото. Се она што го читаме дека премногу животински видови се исчезнати не значи дека нас нема да не стигне. Некои автохтони видови кои цел свет учи дека ги има само во Охридското езеро ние ќе си ги истребиме. Но нивното исчезнување не значи само тоа. Ќе се одрази на се. 
Се однесуваат како „океј, ништо страшно, за едно езеро, иамме уште неколку“. Без да се слушне гласот на народот, особено на тие што живеат во Охрид или други места низ државава. Законите што ги почитуваме за нив не важат, седнати на функции а немаат храброст да излезат на терен и со багер да срушат се што е нелегално и капак на се уште не убедуваат дека немало ни десетина објекти за рушење.
Ај прошетајте низ Охрид и охридско, побарајте им документација на тие со градбите и бројте. Ќе ви требаат многу раце.

Автор: Денис Јанкуловски