|

Просрпската „длабока држава“ во РС Македонија ги кочи добрите односи со Бугарија

Пишува: Арбен Раткоцери специјално за БГНЕС

Македонија продолжува да биде заложник на „Длабоката држава“, формирана од Србија во 1945 година.

Оваа „Длабока држава“ е изградена и инспирирана врз основите на антиалбанизмот и антибугаризмот. Оваа „Длабока држава“, која е крајно просрпска, антиалбанска и антибугарска, има силно присуство во некои медиуми, безбедносни служби, судството, универзитетите – а особено во Правниот факултет во Скопје, Академијата на науките, разни невладини организации, олигархијата, во конзервативниот дел на Социјалдемократскиот сојуз / СДСМ /, како и во многу други помали партии.

Досега политички „жртви“ на „Длабоката држава“ се тројца премиери: Љубчо Георгиевски, Владо Бучковски и Зоран Заев, не само затоа што имаа поинаков пристап кон Албанците туку и кон Бугарите и затоа што се обидоа да се оградат од Србија. Не е невообичаено оваа просрпска „Длабока држава“ да биде поддржувана и од наивни албански политичари.

Како типичен пример за тоа како функционира „Длабоката просрпска држава“ можеме да ги посочиме изјавите на поранешниот министер за надворешни работи и поранешен вицепремиер Никола Димитров, кои се појавија случајно непосредно пред посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје и неговите повици за попријателски пристап кон Македонија.

Оваа „Длабока држава“ го оневозможи решавањето на спорот со Бугарија, бидејќи не дозволуваше од 1945 до 2001 година, но продолжува да дава отпор и во моментов, да се реши прашањето за правата на нивните албански сограѓани.



Слични Објави