Филипче го покрива Мицкоски*
Facebook статус на Ивон Величковски
Додека Филипче го покрива Мицкоски за одлагање на уставното дополнување: И на ЕУ, и на Северна Македонија и на Македонците, едно ВМРО-ДПМНЕ им е доволно.
Вистинска порака ќе беше: до крајот на неделата го поднесуваме потребниот амандман, пратениците од ДУИ, Влен, ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат да не поддржат се добродојдени.
Филипче одново го прифати “барањето гаранции” на Мицкоски низ делот од изјавата …и доколку Владата смета дека тоа може да го искористи, јас стојам на располагање”.
Политичарот Венко нека го праша врвниот доктор Филипче: Кога ги прави комплицираните операциите, дава прогноза или “гаранција” дека операцијата е успешна? Гарантира на пр. дека пациентот нема да му почине од интрахоспитална инфекција?
За да ја повтори оваа политика не мораше да оди до Брисел.
Затоа, ништо ново – СДСМ продолжува да биде дел од алибито на ВМРО-ДПМНЕ за запирање на европската интеграција на Северна Македонија и, со тоа, бастун на олигархијата и нејзиниот југо-економски и правосуден систем.
Договорот Мицкоски – Заев е жив. Заедно со обидот за монопартиски мониетнички договор со југо-македонската олигархија.
*Насловот е на редакцијата