„ЖЕЛЕЗНИОТ СВЕТИЛНИК“ НА ТАЛЕВ ЌЕ СЕ ИГРА НА СЦЕНАТА НА МНТ

Претставата „Железниот светилник“ заснована на првиот роман од тетралогијата на извонредниот бугарски писател Димитар Талев, роден во Прилеп, ќе се изведе на 11 јуни, во Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје. Генерален спонзор на одржувањето е Фондација „Илија Камчев, а се реализира под покровителство на Министерството за култура на Република Македонија, Министерството за култура и Министерството за одбрана на Република Бугарија. Димитар Талев е еден од најчитаните и најпопуларните литературни творци во Бугарија.  Талев во „Железниот светилникпреку измислениот град Преспа го опишува својот роден град Прилеп.  Се очекува гости на претставата во Македонскиот народен театар да бидат и премиерот на Р. Македонија Зоран Заев, како и премиерот на Р. Бугарија Бојко Борисов. Освен во Скопје претставата ќе биде одиграна во  Охрид на 12 јуни во НУ Центар за култура „Григор Прличев“во Народниот театар во Битола на 13 јуни, во родниот Прилеп на Димитар Талев на 14 јуни во Народниот театар „Војдан Чернодрински“, во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица на 15 јуни и во НУ центар за култура „Ацо Шопов“ во Штип на 16 јуни.