Бугарија со план за враќање на германските туристи
Германскиот пазар е стратешки за Бугарија, а туристите треба да се вратат со повеќе летови, посилна реклама и конкретни мерки, изјави министерот за туризам д-р Илин Димитров на средба со германската амбасадорка Ирене Планк и претставници на Германско-бугарската индустриско-трговска комора, јавува бугарското Министерство за туризам.
Министерството веќе работи на заеднички план за обновување на позициите на Бугарија на германскиот пазар, кој ќе опфати подобра авионска поврзаност, партнерства со туроператори, чартер-програми и нови рекламни формати.
„Преку овој „Маршалов план“ сакаме да поддржиме повеќе летови и рекламата да ја насочиме таму каде што луѓето навистина ги избираат своите патувања“, нагласи Димитров.
На средбата биле разгледани и можности за туристички роудшоуа во Германија, посети на германски новинари и инфлуенсери, како и заеднички иницијативи со туристичкиот сектор. Бугарија планира да го искористи и домаќинството на „Евровизија“ за посилна промоција пред германската публика.
Амбасадорката Планк оцени дека Бугарија е безбедна и привлечна дестинација со богато културно наследство.

