| |

Почина бугарскиот космонаут генерал-мајор Александар Александров

Почина генерал-мајор Александар Александров, вториот бугарски космонаут и истакнат воен пилот. Жалната вест ја соопшти бугарскиот премиер Румен Радев на Фејсбук, пренесува БГНЕС.

Генерал-мајор Александар Александров е роден на 1 декември 1951 година во Омуртаг. Од 7 до 17 јуни 1988 година летал во вселената со советскиот вселенски брод „Сојуз ТМ-5“.

„Неговиот лет во вселената во 1988 година беше историски момент за Бугарија, кој го зацврсти авторитетот на земјата меѓу државите што придонесуваат за вселенските истражувања“, напиша Радев.

Тој истакна дека Александров оставил пример за дисциплина, храброст и посветеност, а неговото дело е дел од историјата на бугарската авијација.

„Поклон пред неговиот светол спомен“, порача премиерот, изразувајќи сочувство до семејството и блиските.

Слични Објави