| |

Бугарскиот поет Румен Леонидов: Мојот предок Леонид го остави своето име во историјата

Мојот предок Леонид засекогаш го остави своето име во историјата, пред 143 години веќе ја сонуваше својата судбина во утробата на мајка си Марија, баба Ружа по македонски. Ова на социјалната мрежа Facebook го напиша познатиот бугарски поет, преведувач, новинар и публицист Румен Леонидов, по повод 143 годишнина од раѓањето на неговиот прадедо војводата Леонид Јанков.

„Јас пораснав во нејзиниот скут, убаво се сеќавам на неа, чиста и традиционално религиозна жена, иако нејзините синови беа крстени, тие не веруваа во БОГ, туку во рускиот народ и сатрапот Сталин… Господ да им прости на сите нивните грешки и гревови, нека нивните души пливаат во светлина и помагаат да се освести Темнината што нè очекува – до крајот на животот и понатаму…“, пишува Леонидов.



Слични Објави