Кои партии ќе победат на претстојните локални избори?!

/

Пишува: Вецко Здравески, политиколог

Во последниве десет години на Балканот , а може да се каже и пошироко, за победа на претседателски, парламентарни или локални избори, одлучуваат партиските членови и некој дел од симпатизерите на партиите.

Пример за такви одржани избори се во Хрватска, Србија, Албанија,и други држави. Оваа година, мојата анализа за излезеноста на избори, двапати е потврдуваат и изборите во Бугарија, каде излезеноста е најслаба во историјата на одржување на избори. Излезеноста на избори е слаба на секаде на Балканот, не сакаат да излегуваат неопределените, надпартиските граѓани/гласачи, а вината треба да се бара во политичарите кои не знаат или не сакаат да ги убедат гласачите да излезат и да гласаат на избори помасовно.

Така ќе биде на овие локални избори 2021 во Македонија, на овие ЛИ ќе победи таа партија, што ќе успее да ги убеди и активираа своите членови и симпатизери да работат за својата партија.



На овие ЛИ во Македонија ќе победи таа партија што ќе состави вистински, партиски, квалитетни листи. Ќе победат тие што ќе имаат повеќе партиски, искусни, членови од своите редови на партијата за кандидати за градоначалници и за советници.

На овие ЛИ нема да поминат кај гласачите, неопределени и надпартиски кандидати, а тоа се однесува и за СДСМ и за ВМРО-ДПМНЕ.

Во октомври на ЛИ ќе победи партијата, што ќе направи помалку разочарување кај своите членови и симпатизери, ќе победи партијата, која ќе ги убеди да излезат своите разочарани членови и симпатизери да гласаат.

Претходна статија

Властодршците Албанци и Македонци ги зближува тендерократијата, Цеца на Аркан и „Минишенгенот” на Вучиќ

Следна статија

Власите и македонските Бугари рамо до рамо во борбата за слобода

Најново од Колумни