DW АНАЛИЗА: КОЛКУ „ФАНТОМИ“ РАБОТАТ ВО АДМИНСТРАЦИЈАТА?

//

Две години по смената на власта, се уште се откриваат случаи на вработени во институциите, кои примаат плата, а не се појавуваат на работното место. Или работат, но – во партија!

Вчерашното приведување на поранешниот директор на Централниот регистар, Андреја Поповски, кој заедно со четири лица што биле на раководни функции во неговиот мандат се под истрага на Управата за финансиска полиција, повторно го сврте вниманието кон еден стар проблем. Иако од Управата за денеска најавија повеќе информации за случајот, неофицијално се дознава дека лицата под истрага се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања. Според непотврдени информации, станувало збор за незаконски вработувања во периодот од 2014 до 2017 година кога Поповски бил на чело на Централниот регистар, односно за вработување на лица во таа институција кои воопшто не доаѓале на работните места, но примале плата. Наводно, работното време го поминувале во партијата што им ги овозможила работните места. Осомничените денес треба да дадат исказ пред судија на претходна постапка..

Многу случаи чекаат епилог

Ова не е прв случај кој открива дека во јавната и државната администрација имало голем број лица кои примале плата, а не доаѓале на работа. Непосредно по промената на власта, во август 2017 година, Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, објави фрапантен податок: до 2015 година имало околу шестотини вработени во Генералниот секретаријат на Владата, кои земале плата без да се појават на своето работно место, а во моментот на соопштување на тие податоци бројката била намалена на 60-тина такви случаи. Според Рашковски, таквата практика го оштетила државниот буџет за за 824 илјади евра.



(ЦЕЛАТА АНАЛИЗА ПРОЧИТАЈТЕ ЈА НА WWW.DW.COM)



Претходна статија

НЕКА ИМ Е ВЕЧНА СЛАВА: ВО ПРИЛЕП ПОЧНУВААТ ЧЕСТВУВАЊАТА ЗА ЗAГИНAТИТE БPAНИТЕЛИ КАЈ КАРПАЛАК

Следна статија

П. САРАЧИНИ: МАКЕДОНСКИТЕ НАЦИОНАЛ-ШОВИНИСТИ СЕ ОНИЕ КОИ ГИ БРИШАТ МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ

Најново од Анализи & Коментари