Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ: Поднесовме амандман за набавка на 20 нови противпожарни возила, СДСМ и ДУИ ни се смееја

/

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски тврди дека пред неполн месец кога траела расправата за ребалансот на буџетот за 2021 година поднеле амандман за обезбедување на средства за набавка на 20 противпожарни возила, но како што вели власта го одбила тоа.

-Поднесовме амандман за да се обезбедат 90 милиони денари за набавка на 20 нови противпожарни возила. Пратениците од мнозинството и членовите на владата од СДСМ – ДУИ не го прифатија овој амандман, на моменти и се исмеваа. Тогаш беше актуелен случајот со пожарот во Галичник кога противпожарното возило беше влечено со ланец, вели Стојаноски.



Претходна статија

Објавени се конкурсите за ученички и студентски стипендии за 2021-2022

Следна статија

Јанев: Бугарија испраќа на РС Македонија помош за гаснење на пожарите

Најново од Вести