Објавени се конкурсите за ученички и студентски стипендии за 2021-2022

/

Министерството за образование и наука информира дека се објавени конкурсите за доделување на ученички и студентски стипендии за учебната, односно студиска 2021-2022 година. Во секој од конкурсите се наведени условите, критериумите, потребните документи и роковите за аплицирање со цел остварување на правото на користење на соодветната стипендија.

Од оваа година, постапката за аплицирање за стипендија е дигитализирана преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, со што значително се поедноставува начинот на остварување на правото. Учениците и студентите кои немаат можност да аплицираат електронски, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по соодветниот конкурс во Министерството за образование и наука.



Претходна статија

МЗ: Вчера се аплицирани 12.939 вакцини

Следна статија

Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ: Поднесовме амандман за набавка на 20 нови противпожарни возила, СДСМ и ДУИ ни се смееја

Најново од Вести