(ВИДЕО) КОЛЕВ: ПОВИКУВАМ НА ЛИДЕРСКА СРЕДБА ВО ШТИП-ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ Е НАЈВАЖНО

//

„Би сакал да ја поздравам иницијативата на градоначалникот на општина Штип г. Благој Бочварски, да побара од Владата следниот викенд и полициски час конфекциите да не работат.

Иако ние од ГДУ се залагаме повеќе од два месеци за поригорозни мерки како што е платен колективен одмор на работниците од 30 дена, кој наместо во август работниците да го искористат сега, сепак сметам дека ова е добар исчекор во правилната насока.
Ако ова се случи би било првиот пат во поновата историја на Македонија на официјален празник да не работат конфекциите и од гледна точка на почитувањето на Законот за работни односи ќе заличиме барем за 72 часа на Германија.



Затоа предлагаме на градоначалникот на Штип, како татко на градот, да ги покани на средба локалните лидери на сите политички партии и да изградиме заеднички став кој ќе го заштитуваме пред Владата во однос на мерките за борба против корона вирусот во Штип.
Ајде барем еднаш да ги оставиме политичките препукувања на страна, партиските интереси и сѐ што не води кон кавги и политички расправии и да се обединиме со заеднички став.
Станува збор за безбедноста и здравјето на граѓаните и економијата на нашиот Штип.
Ние како ГДУ и нашите колеги од локалниот клуб на партијата во Штип сме подготвени да учествуваме во таков формат и да поддржиме сѐ што е позитивно, но и да предложиме и наш план и мерки за справување со кризата“, изјави на денешната прес-конференција претседателот на ГДУ, Петар Колев.

Претходна статија

ТРЕБА ЛИ И НИЕ ДА СЕ СОБЛЕЧЕМЕ ЗА ДА БИДЕМЕ ЗАБЕЛЕЖАНИ?!

Следна статија

Д-Р ЧЕПРЕГАНОВ СО ЦРНА ПРОГНОЗА: БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ ЌЕ РАСТЕ

Најново од Вести