|

Д-Р ЧЕПРЕГАНОВ СО ЦРНА ПРОГНОЗА: БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ ЌЕ РАСТЕ

„Дваесет проценти од граѓаните воопшто е почитуваат мерки, а ние останатите сме заложници на таа ситуација. Значи откога почнале дружењата, непочитување на мерките отприлика сега завршува инкубација, а тоа значи само едно бројката на новозаболени дополнително ќе расте“, рече доктор Методи Чепрeганов на гостувањето на телевизија 24.

Според него други земји се откажале од многу настани, но не и ние.

„Кога можеше Ердоган да ја затвори Турција, кога во Русија не се славеше 9-ти Мај, Денот на победа над фашизмот, овде се работи за една објективна животозагрозувачка состојба и затоа мора да се постапува онака како што треба“, посочи Чепрeганов.



Слични Објави