МО на Бугарија: Бугарските воени се претставија достојно на мултинационалната воена вежба Saber Junction 23 во Германија
Бугарските војници покажаа висока мотивација, одлична подготовка и достоинствено ги претставија копнените сили на Бугарија за време на заедничката мултинационална вежба Sabеr Junction 23, соопшти Министерството за одбрана на Бугарија (МО).
Вежбата се одржа во Центарот за обука на американските сили Хохенфелс, Германија, од 7 до 18 септември.
Во вежбата учествуваа воени лица од над 14 земји, вклучително и над 100 воени лица од 1. механизиран баталјон на 61-ва Стрjaмска механизирана бригада на копнените сили на Бугарската армија. Вежбата беше на тема „Спроведување на операција за стабилизација во областа на одговорноста“. Нејзината главна цел беше да ја зголеми заедничката подготовка и оперативната вештина на земјите-членки на НАТО и земјите партнери.
Воениот персонал од 2 до 6 септември изврши тактичка обука како подготовка за учество во мултинационалната вежба.
На почетокот на септември успешно беше завршена мултинационалната вежба Agile Spirit 2023 во Грузија, исто со бугарско учество. На вежбата учествуваа повеќе од 3.500 воени и цивилни од 25 земји и воени структури. Од бугарска страна се приклучи лесен пешадиски вод од Вториот механизиран баталјон на 61. „Стрјамска“механизирана бригада- Карлово.