Познатиот бугарски актер Мариус Куркински слави 30 години на сцена со „Нашенец“
„Нашенец“ е насловот на новaта монодрама со која познатиот бугарски актер Мариус Куркински, ќе прослави 30 години на сцената.
Во 1993 година, тој дебитираше пред публиката со својата прва монодрама „Дон Жуан“, а сега избра дело од познатиот бугарски сатиричар Чудомир. На 25 март 2023 година се одбележаа 133 години од раѓањето на големиот бугарски уметник.
„Се започна кога помислив дека сум Дон Жуан (,,Дон Жуан“ – 1993 година). Набргу потоа со голема трема ја изведов песната на сите песни („Песна над песните“ – 1993 година! Запознав една мистериозна дама која ми помогна да стапнам на големата сцена и да се сретнам со многубројните гледачи („Дамата со кученцето“ – 1996 година). До денес не разбирам како собрав храброст да пристапам кон Новиот завет („Евангелие според Матеј“ – 1997 г.). Ова ми помогна да го најдам човекот во мене („Самиот човек“ – 1999 година)!
Сонував дека се разбудив („Сонот“ – 2001 година). Се разбудив и добив потрес („Потрес“ – 2006 година)! Од него научив многу, како за моите предци, така и за современата бугарска јавност („Бугарски приказни“ – 2010 година). Подоцна разбрав дека незабележливо се претворив во смешна личност која повторно сонува („Сон за смешна личност“ – 2014 година). Конечно стигнав до вистината! Јас сум само уметник затворен во театар по завршувањето на уште една претстава и не можам да излезам во реалноста („Јубилеј“ – 2015 година). Тогаш црното пиле слета на сцената и повторно ме однесе на крилјата на театарот („Црното пиле“ – 2016 година)! Играв, играв, играв и стигнав до (,,Мариус 50“ – 2019 година). Причините ќе ги барам во „Нашенец“, вели Мариус Куркински месеци пред премиерата.
Актерот ќе се реинкарнира во различни ликови според делата на хумористот Димитар Чорбаџијски, познат по псевдонимот Чудомир. На сцената, Куркински ќе ја рекреира типичната духовитост на авторот и погледите на животот и општеството, претставени низ смешни и трогателни приказни.
Моноспектаклот „Нашенец“ ќе ја има својата премиера во Силистра на 7 ноември. Следат Добрич на 8 ноември, Варна на 9, Пловдив на 10. Во Софија претставата ќе се одигра на 12 ноември во салата 1 на Националниот дворец на културата.