ЈОРДАНОСКИ: ТРАДИЦИЈАТА НА ПРЕДИЗБОРНИ ЛАГИ НА СДСМ И ДПМНЕ СТАНУВА СЕ ПОНОРМАЛНА И ПОБЕСРАМНА

//


„Традицијата на предизборни ветувања (читај ЛАГИ) станува се понормална и бесрамна. Вчера преку соопштение до медиумите се најави нов проект и тоа замислете за развивање на спортот. Општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт на Р.Македонија наскоро започнуваат со реализација на крупен спортски проект, изградба на баскет игралиште во некогашната касарна „Михајло Апостолски“. Браво за замислата и се надеваме дека нема да биде како со УЛТРА МОДЕРНИОТ стадион во Лескоец. Или тоа е веќе застарено ветување? Па не е толку далеку новото замислено баскет игралиште од Лескоец и ќе можат луѓето да доаѓаат тука на рекреација.

Толку од поддршката за спортот и младите во Лескоец. По се изгледа директорот на Агенцијата за млади и спорт бара друга локација за рекламни спотови, бидејќи во Лескоец тешко дека ќе може повторно да прави реклама со УЛТРА Модерниот стадион.

Да не ја заборавиме и затворената спортска сала, но можеби и неа ја дислоцирале. Повеќе од очигледно е дека овие ветувања ќе влезат во низата на ветено и неисполнето, заедно со стационарот, затворениот базен кој требаше да биде функционален уште во 2018 год, софистицираната фабрика, фамозната Гасификацијата на Тунтев, УНЕСКО, дивоградбите, канализацијата на повеќе места како Лескоец, Рача, Подмоље и др.

Од другата страна пак браќата од ДПМНЕ осудуваат и критикуваат за „ќе“ кампањата, а забораваат дека половина проекти на СДСМ беа и во предизборната кампања на ДПМНЕ уште во 2013 година. Забораваат дека ветија стационар, затворен базен, модерно спортски центар во Лескоец, канализации и сѐ останато. Но замислете се сетиле да побараат од Власта да им се извини на охриѓани за излажаните проекти. Пред се, нека дадат пример како се прави тоа, бидејќи и тие со години наназад исто така ги лажат охриѓани. И разумно е да кажат дека „прв пат“ со зборот дивоградби се соочиле во 2017 откако изгубија на локалните избори, исто и за УНЕСКО „прв пат“ слушнаа во 2017. Но добро е важно напредуваме.

Жалосно е тоа што сѐ уште ги понижувате и потценувате нашите сограѓани. Жалосно е тоа што 10-15 години ветувате едно исто и без срам го повторувате истото.



Драги господа од власта, прво завршете го тоа што го ветивте пред да дојдете на власт, а потоа ветувајте нешто друго. Вашето ветување е добро, но судејќи по досегашните ветувања тоа е само една голема лага и потег за гласови, а откако ќе ги добиете заборавате што сте ветиле“, изјави на денешната прес конференција Даниел Јорданоски, носител на ИЕ5 од ГДУ.

Претходна статија

СВЕДОК ЗА 27 АПРИЛ: НА ВИБЕР НИ КАЖУВАА ДЕКА ТРЕБА ДА ОДИМЕ НА ПРОТЕСТИ

Следна статија

ЗА ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ НЕЗАМЕНЛИВИ МАЗНИ ГАЗИЊА И ОСЕТЛИВИ СТОМАЧИЊА

Најново од Вести