| |

СВЕДОК ЗА 27 АПРИЛ: НА ВИБЕР НИ КАЖУВАА ДЕКА ТРЕБА ДА ОДИМЕ НА ПРОТЕСТИ

Преку Вибер група, членови на ВМРО – ДПМНЕ биле организирани за да одат на протестите на „За заедничка Македонија“ пред три години. Сведок на обвинителството за организиран криминал, на судењето за организаторите на насилниот 27 – ми април, раскажа дека неговите сопартијци од месниот комитет оделе на протестите. Збирно место бил, Музејот на ВМРО, јавува АлсатМ.

Не знаеше да каже од кого дошле насоките. Бил десетина пати на маршот против тиранската платформа. На 27 – ми април 2017 година, бил дома. Отишол во Собранието кога видел дека толпата е внатре. Во пленарната сала од насобраните стигнала наредба, дел од луѓето да одат во прес салата, каде беа пратениците на СДСМ.

„Имаше луѓе во ВМРО – ДПМНЕ кои ми помогнаа од инкасатор во Агенцијата за патишта, да се вратам во дирекција. Отидов во Собранието на 27 – ми април за да бидам виден и да се заблагодарам и воедно да дадам поддршка“, вели еден сведок.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави