| | |

ЗА ФУНКЦИОНЕРСКИТЕ НЕЗАМЕНЛИВИ МАЗНИ ГАЗИЊА И ОСЕТЛИВИ СТОМАЧИЊА

Денеска техничкиот премиер Оливер Спасовски изјави дека владината одлука функционерите да можат да патуваат во странство и по нивното враќање да не одат во државен карантин не може да се смета како дискриминација кон граѓаните, на кои ете не им се насмеал к’сметот, па не станале функционери.

Од секогаш сум ја ценел искреноста на владејчките структури во Македонија…

Дамите и господата на власт ни кажаа директно во очи дека како функционери, нивните мазни незаменливи газиња и осетливи стомачиња не се за во државен карантин. Тие не можат да си го дозволат „луксузот“ да поминат и пола минута во просториите на граничните карантини, за кои знаеме дека не се чистат и не се дезинфицират редовно. Некој сигурно земал тендер за тоа, ама што има врска? Ситници.

Нашите избрани и именувани функционери се незаменливи, пријатели.

Нивните плати не смеат да се кратат, нивниот комодитет не смее да се нарушува. Нивната важност не смее да се става под знак прашалник.

Го живееме нашиот антиутописки расказ на Орвел и уживаме во него…

„Сите животни се рамни, но некои животни се порамни од другите“…

Така и Гоце навремето ќе му ја спичел на кај Софија и кога ќе се врател назад во поробена Македонија, не одел во карантин, пошо нели и тогаш имало специјален протокол што само Гоце можел да го чува. Ќосето не можел, оти тој бил послабо образован и плус бил обичен извршител, а не наредбодавач. Без Ќосето можело, ама без Гоце никако.

Се надевам сфаќате колку дебилно изгледа сето тоа?

Незаменливи сте така? Не е луксуз фактот, што гравот со колбасици во карантин ќе го јадат само обичните смртници, а вие ќе продолжите да гнетете јунешки стекови и морски плодови, пошо без вас државата ќе застане. Ќе си ја ебе мајката нели?

Ќе ги пореметувате луѓето со вашите мерки и о чудо тие ваши мерки нема да важат за вас. Ви се може нели? Многу сте јаки? Вашите мазни функционерски газиња се навикнати на фотелји од телешка кожа… Вие сте многу важни! Сте се потепале од гурање со лакти по тоа штабовите, за да дојдете до тие ваши сонувани функции и сега не е ОК да не покажете дека сте нешто повеќе од обичната раја која со своите даноци ги плаќа вашите морски плодови.

Уживајте уште малце во привилегиите, уживаа и оние пред вас…

Граѓаните можат да ве пратат во долг карантин, ама не таков како карантинот на Груевски…

Граѓаните можат, доволно е да ви го покажат средниот прст на изборите што ни тропаат на врата.

Илко од „Тетовирање“ збореше за една цевка гомнарка, а еден мој многу драг пријател од моите печалбарски денови во Лондон велеше: На всяка свиня и идва Коледата… Не разбирате български ли? Еми обадете се на вашите приятели в София, a можете и да тркнете до таму и онака откако ќе се вратите ќе можете слободно да продолжите со мезењето морски плодови. Карантинот нели е само за животните кои не се доволно рамни за да се споредуваат со вас.

Автор: Атанас Величков



Слични Објави