СРЕДБАТА ЗАЕВ-ДИМИТРОВ-ИВАНОВ ТРАЕЛА САМО 6 МИНУТИ
Само шест минути траела средбата на која премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, го информираа претседателот Ѓорге Иванов за постигнатиот договор со Грција. Како што информираат медиумите од местото на настанот, владиното возило со полициска придружба, пристигнало во претседателската резиденција во 10.03 минути, а Вила Водно ја напуштило во 10.09 минути.