|

Малески: Франција создаде шанса која не треба да ја пропуштиме

Поранешниот министер за надворешни работи, Денко Малески смета дека сега ова што се случува е шанса да тргнеме на патот на кој што бевме запрени пред 17 години, кога го добивме кандидатскиот статус за членство во ЕУ, пренесува Локално.

-Шанса која ја создаде Франција, веројатно некоја голема сила тоа да го направи и шанса која не треба да се пропушти. Ретки се моментите кога се создаваат шанси, тие треба да се искористат оти потоа исчезнуваат и треба повторно години за нашето прашање се крене на ниво на интерес на некоја голема сила која е во состојба да ја истурка работата. После 25 години спор со Грција, САД се наложи и притисна и така тргнавме. Нешто слично се случи и сега. Велика Британија излезе од Франција сега станува задолжена и мора да мисли на проширувањето на ЕУ, рече Малески.

Целиот напис прочитајте го овде.



Слични Објави