|

Онколошките пациенти од 4 август ќе подигаат таблетарна терапија од аптеки

Од 4 август, онколошките пациенти ќе можат да ја подигнуваат таблетарната терапија – анастрозол и летрозол – директно во аптеките, соопштија за МИА директорите на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски и Бранко Аџигогов.

Според најавите, шифрарникот за овие лекови ќе стапи на сила од истиот датум. Пациентите најпрво ќе треба да добијат извештај од својот онколог, потоа преку матичен лекар да извадат рецепт и со него да ги подигнат лековите од аптека. Се очекува партиципацијата да изнесува околу 50 денари.

Во однос на хормоналната терапија со инјекцијата ресилиго, директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Игор Стојковски, информира дека пациентите ќе добијат дополнителни упатства во текот на следната недела за тоа кога и каде ќе ја примаат оваа терапија.

Слични Објави