| |

ХАН ЗА СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“: БОРБАТА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА НА ВИСОКО НИВО ТРЕБА ДА СЕ ОДВИВА НЕПРЕКИНАТО

Комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан три дена по првата „бомба“ за случајот „Рекет“ се јави со порака до Македонија:

„Борбата против корупцијата на високо ниво мора да се одвива непрекинато. Што се однесува до најновите откритија, важно е да се утврди правна одговорност за сите кривични дела, вклучително и оние што произлегуваат од и околу илегалните прислушувања. Никој не е над законот и не може да има неказнивост. Надлежните органи мора да ги испитаат сите кривични дела, без никакво мешање, а сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата“, напиша Хан на Тwitter.

Слични Објави