Бугарија ќе овозможи летен одмор за деца од Украина
Владата на Бугарија објави дека ова лето ќе им овозможи на деца од Украина да поминат до 10 дена одмор во државата, со цел да го подобрат своето физичко, психичко и емоционално здравје, јавува БГНЕС. Според соопштението на владината прес-служба, децата и нивните придружници ќе бидат сместени во одморалишта на „Профилактика, рехабилитација и одмор“ АД во текот на август 2025 година.
Летните кампови ќе опфатат вкупно 50 лица и ќе бидат финансирани со средства од буџетот на Министерството за труд и социјална политика на Бугарија. Преку оваа иницијатива ќе се обезбеди сигурна и безбедна средина за одмор и опоравување на деца кои претрпеле трауми од војната во Украина.
