Италија го повика рускиот амбасадор поради внесувањето на Матарела во „црната листа“ на Кремљ
Италија го повика рускиот амбасадор во Рим, откако Москва го вклучи италијанскиот претседател Серџо Матарела на список на западни функционери кои отворено го критикуваат Кремљ.
Министерството за надворешни работи на Италија соопшти дека смета дека „внесувањето на шефот на државата во ваков список претставува провокација против Републиката и италијанскиот народ“.
