ОТВОРАЊЕ СПОМЕН СОБА НА КИРО ГЛИГОРОВ

//

Утре, на 18 јули со почеток во 12:00 часот во ОМЦ „Киро Глигоров” ќе биде свеченото отворање на спомен собата на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.

На свеченото отворање ќе присуствуваат градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, како и претседателот на Влада на Република Македонија, Зоран Заев, повеќе министри и заменици-министри од Владата на Република Македонија, градоначалници од регионот и пошироко, како и семејството на претседателот Глигоров и негови блиски соработници.

Програмата за свеченото отворање е со следниот редослед:

– Обраќање на градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски

– Обраќање на претседателот на Влада на Република Македонија, Зоран Заев

– Проекција на краток биографски филм за претседателот Киро Глигоров



– Отворање на спомен собата на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров

– Разгледување на изложба на фотографии „Киро Глигоров”

После утрешното свечено отворање на спомен собата, нашите сограѓани ќе имаат можност да ја посетуваат истата и да ги видат изложените експонати – предмети коишто му припаѓале на првиот претседател Глигоров. Станува збор за предмети коишто беа великодушно подарени од страна на неговата ќерка, Донка Глигорова, а за кои Општина Штип се задолжи да се грижи и со нив да го чува споменот за претседателот Глигоров. Граѓаните ќе имаат можност да ја посетуваат спомен собата секој работен ден во периодот од 9 до 11 часот, или во термин претходно договорен со општинските службеници задолжени за одржување на ОМЦ „Киро Глигоров” и спомен собата на првиот претседател.



Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: ЗАЕВ И АЛАЃОЗОСКИ МОРА ДА ПОНЕСАТ ОДГОВОРНОСТ ЗА СТОТИЦИТЕ ИЛЈАДИ ЕВРА ИСТРОШЕНИ НА ПРИВАТНА ЗАБАВА

Следна статија

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ЕВРОКОМЕСАРОТ ХАН

Најново од Вести

(Фото) Вандалски акт или фотошоп- кој успеа да избрише буква од името на македонистичкиот клуб во Благоевград, напишано од внатрешната страна на излогот на клубот?!

Организацијата „Нов Асном“ денеска преку соопштение испратено до медиумите во РС Македонија се обиде да направи