Пендаровски: Тешко до 2/3 за внесување на Бугарите во Устав, тоа не го може ниту опозицијата кога ќе дојде на Власт
Шефот на државата Стево Пендаровски во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека тешко дека ќе дојде до 2/3 мнозинство за внестување на Бугарите во Уставот.
Според него, Бугарија бара работи за кои знае дека не може да се исполни.
„Просто е невозможно да направиш 2/3… Во наредниот период и години, еве и денешнава опозиција кога ќе биде на власт повторно не можеш да направи самата 80 гласа за прашање за кое и ти самиот констатираш дека е преседан од невидени размери“, вели Пендаровски.
Извор: ТВ 21

