П. КОЛЕВ: ЗАВИСНИ СМЕ ОД СДСМ, ДПМНЕ И ДУИ- РЕЗУЛТАТОТ ЗА 28 ГОДИНИ Е ЕДНО АПСОЛУТНО НИШТО
„Почитувани пријатели, искрено ви сугерирам ислушајте го овој човек. Иако нашите идеолошки разлики се јасни, тој e социјалдемократ а јас десничар со прогресивно конзервативна идeологија, тоа што тој го зборува е вистината. 28 години сме зависни од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и 18 од ДУИ. Продуктот е едно апсолутно ништо! Корупција, криминал, катастрофално здравство, образование под секаква критика. Жално, но вистинито!
Вистината ќе не ослободи!“- напиша на својот профил претседателот на Граѓанско демократска унија, Петар Колев, споделувајќи видео со поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Митре Вељаноски.

