| |

СДСМ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА АНТОНИЈО МИЛОШОСКИ

СДСМ најави дека ќе поднесе кривична пријава против пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски и едно лице од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов за оддавање на државна тајна. Според законот за оддавање на државна тајна предвидена е казна затвор од една до пет или од една до десет години. Денеска треба да продолжи седницата на Комисијата за надворешни прашања, на која министерот за надворешни работи Никола Димитров треба да реферира за досега сработеното.

 

 



Слични Објави