СЕ ГРАДИ КОЛЕКТОРСКИОТ СИСТЕМ ВО ПОТПЕЛИСТЕРИЕТО
Започна изграбата на колекторско-канализациониот ситем во Потпелистерието. Градежните активности се одвиваат на потегот од месноста Црвени Петли кон селата Трново и Магарево, а во првата фаза ќе бидат вложени 6,8 милиони денари.
На овој начин Битола конечно ќе го реши проблемот со отпадните води од селата под Пелистер и од туристичките објекти. Предвидено е колекторскиот систем да ги собира отпадните води на територијата на Националниот парк „Пелистер“, односно од хотелот „Молика“, Детското одморалиште, селата Трново и Магарево, се до поранешната живинарска фарма, каде што е предвидена пречистителна станица.
Заложбите на локалната самоуправа за добивање на поддршка од UNDP за прочистителна станица е успешно завршен. Со тоа се создава една функционална целина за започнување на прочистителен систем во Подпелистерието и се решава проблемот со загадените води.