| |

СДСМ:  ВМРО-ДПМНЕ ВЕЌЕ НЕМА ИЗГОВОРИ ЗА АНТИДРЖАВНОТО ОДНЕСУВАЊЕ

СДСМ како одговорна и државотворна партија остана доследна и ги поддржа договорените измени на потребните закони со што се надминаа сите пречки за огранизирање и одржување на реферeндумот на кој граѓаните ќе одлучат за Договорот со Грција, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.

Парламентарното мнозинство заедно со опозицијата ги изгласа промените на Изборниот законик, Законот за Влада и Законот за финансирање на политички партии. Со усвоените измени се спроведуваат сите барања на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Сега, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски веќе немаат изговори за антидржавното однесување. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сега треба да покажат одговорност и сериозност, да го поддржат референдумот за македонската иднина и да им дозволат на граѓаните да одлучуваат.

Никој, па ниту ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја закочат македонската иднина. Граѓаните, сами, слободно и без притисоци на референдум ќе одлучат за сопствената и за иднината на државата. Граѓаните ќе го искористат највисокиот демократски инструмент, граѓаните ќе одлучат за ЕУ и НАТО, преку прифаќање на Договорот со Грција, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.

 

Слични Објави