ХОВИ: ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ НЕ Е ЛЕК, САМИ ЌЕ МОРАТЕ ДА СЕ БОРИТЕ ПРОТИВ КРИМИНАЛОТ И КОРУПЦИЈАТА
Членството во Европската Унија само по себе не е универзален лек за проблемите. Владите се избрани да го подобрат животот на граѓаните, а владеењето на правото е од огромна важност. Знаеме дека во цел регион важи правилото дека е многу поважно кого го познаваш, отколку што знаеш. Има големо нетрпение кај луѓето во регионот за да видат дека има промени. Треба сами да се борите против корупцијата и клиентелизмот.
Ова во интервју за МИА го вели Џоан Хови, директор за Европа на Истражувачкиот оддел на Економист (ЕИУ). Таа вели дека има голема веројатност Северна Македонија да добие датум за преговори со ЕУ овој месец. Вели дека земјата ги исполни сите услови кои и беа наложени – решавање на спорот со Грција и Договорот за добрососедство со Албанија и оти треба да биде поканета да ги почне преговорите за членство. Во однос на економските предизвици како тука, така и во регионот, Хови посочува дека на регионот му требаат странски инвестиции, му требаaт искуства од Западот, со цел да ја зголемат продуктивноста.
Владеењето на правото и борбата против корупцијата и против клиентелизмот што преовладува во регионот се од суштинско значење за привлекување странски директни инвестиции, подвлекува Хови во интервјуто за МИА.
