|

Детали за убиството во Панчево: Маж си ги убил жената и детето, па се обесил

Полицијата во Панчево синоќа пронашла три безживотни тела во стан, а обвинителот наредил итна обдукција.

Српските медиуми пишуваат дека се работи за маж по потекло од Русија, а станот во кој живеело семејството од Русија бил пломбиран.

Според се уште непотврдени информации, маж (46) најверојатно со нож ја убил 50-годишната жена деветгодишното дете.

„Беа мирни. Не ги гледавме често. Слушнавме дека имаат рани од нож на вратот. Велат дека имало многу крв во станот“, вели еден од соседите.

Според „Телеграф.рс“, тие дошле од Русија минатата година. Имале важечка дозвола за престој. Од тоа семејство немало пријави за нарушување на јавниот ред и мир.

Истрагата ја води Вишото јавно обвинителство Панчево.



Слични Објави