Времето истекува, а паниката никогаш поголема: Русите и Украинците имаат неколку часа за евакуација
Браната „Каховка“ на реката Днепар, која се наоѓа на југот на Украина во близина на градот Херсон, е уништена рано утринава, а водата неконтролирано се излева во околните места.
Украина прво објави дека Русите, кои ја контролираат областа Нова Каховка, каде што се наоѓа уништената брана, самите ја минирале областа и довеле до катастрофа.
Руските власти првично негираа дека браната е гранатирана, а потоа за истото ја обвинија Украина.
BREAKING: Video shows the Kakhovka hydro-electric dam in southern Ukraine has been destroyed pic.twitter.com/DePGbQUHRD— BNO News (@BNONews) June 6, 2023
Додека стигнуваат меѓусебни обвинувања, десетици илјади луѓе се изложени на ризик поради излевањето на водата што веќе достигна ниво од десет метри и се заканува да поплави делови од самиот Херсон.
Локалните власти се во трка со времето, пренесуваат медиумите.
Destroyed Kakhovka HPP went underwater.
Water level in Dnipro river continues to rise. pic.twitter.com/7S2RjdSLnJ— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) June 6, 2023
Хидроцентралата Нова Каховка во Украина, која е под контрола на руските сили, сега е целосно уништена поради минирањето на браната Каховка, а некои украински власти објавија драматични снимки од областа.
Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, го објави најновото видео од реката Днепар каде се наоѓала браната Каховка. Тоа покажува како нивото на водата забрзано се зголемува и како хидроцентралата Нова Каховка е целосно потопена од надојдената вода на реката Днепар.