| |

Бугарски доктор учествувал во првата операција за трансплантација на матка во Велика Британија

Бугарскиот доктор Петар Димитров бил дел од тимот лекари кои ја извршија првата трансплантација на матка во Велика Британија, објави сајтот „Бугарите во Лондон“.

Кога Петар Димитров се населил во Англија, во земјата имало малку Бугари. Бугарија се уште не била дел од Европската унија и дипломата на Петар не била важечка во Англија. Тој одлучува повторно да ги полага потребните испити. Кога бил запишан во вековниот регистар на лекари во Велика Британија, Петар видел дека покрај неговото име пишува Златоград, неговиот роден град.

Следува долг и тежок пат на професионален развој – Петар работел и се натпреварувал со лекари од Велика Британија и од целиот свет. Тој специјализирал анестезиологија. Почнал да работи во Оксфорд. Таму станал консултант во болницата Черчил.

Операцијата за трансплантација на матка, во која учествувал и Петар Димитров траела девет часа и дваесет минути. На 34-годишна жена и била пресадена матка, а донатор била нејзината 40-годишна сестра, која веќе родила две деца и сакала да ја донира својата матка.

Водечките хирурзи на операцијата, спроведена на почетокот на февруари, се проф. Ричард Смит, шеф на клиниката во хуманитарната организација „Womb Transplant UK“ и консултант за гинеколошка хирургија во болница „Imperial College Healthcare NHS Trust“ и Изабел Квирога, консултант во хирургија во Oxford Transplant Centre, дел од универзитетските болници во Оксфорд.



Слични Објави