ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА „РАЗГОВОРИ СО УНКОВСКИ“ ОД ЗОЈА БУЗАЛКОВСКА

Излезе од печат книгата „Разговори со Унковски“ на Зоја Бузалковска. Ова е книга разговори на ученичката со својот учител (еден доживотен статус) низ повеќе фази, темелен теориски труд и практичен учебник, кој на едноставен начин отвора суштински дилеми, мисли, изградени ставови, чувствувања, поврзани со театарот на Слободан Унковски, со неговиот сценски ракопис, со пристапот или методот на мајсторот, со неговото битие, со неговиот толку посебен свет, кој најдиректно и најотворено го споделува и со нас. Разговорите се водени во три наврати: во 1999 година, во 2010 година и непосредно пред издавањето на книгата, кон крајот на 2018 година. На крајот книгата си дојде дома, па, така, издавач е „Театар на навигаторот Цветко“.

Промоцијата ќе се одржи во киното „Култура“, в четврток, 3.10.2019 година, во 20 часот, во возбудлив состав на промотори – Искра Гешоска, Воја Брајовиќ, Јовица Михајловски и Бранко Цвеиќ.



Претходна статија

РУБЕНС КОРУБИН СО „АТЕЛЈЕ, РАДОСТА НА СЛИКАЊЕТО“ ВО ЧИФТЕ АМАМ

Следна статија

КУЛТУРНИ АКТИВНОСТИ ВО ДЕЛЧЕВО

Најново од Култура