| |

ФИЛИПЧЕ: ЖИВОТОТ ЌЕ ПОЧНЕ ДА СЕ ВРАЌА ВО НОРМАЛА, НО НЕМА ВЕДНАШ ДА БИДЕ ИСТО КАКО ПРЕТХОДНО

Сите мерки што ги преземавме во борбата против корона вирусот беа навремени и очекуваме да дадат резултат на почетокот на мај, кога бројот на заболени ќе опаѓа и ќе можеме да ги олабавуваме мерките, истакна предмалку министерот за здравство Венко Филипче на владината онлајн прес-конференција, пренесе Фокус.

-Сите препораки ги црпевме од стручни луѓе со многу знаење и искуство, кои биле вклучени во справување со епидемијата со морбили, птичји грип итн. Треба да се консолидираме, да ги организираме институциите во заедничка работа, мултидисциплинарниот пристап бара многу време и енергија. После идентификувањето на првиот заболен пациент во јануари, се одредија јавно здравствените установи, се направи анализа на кревети, респираторни машини, анализа на терапијата. Се уште во светот нема одредено универзална терапија за пациентите – рече Филипче.

Тој порача дека после бурата доаѓа сонце и животот набрзо ќе се враќа во нормала, иако, како што рече, нема да биде исто како претходно, односно во догледно време ќе треба дистанца во фабриките, автобусите, рестораните, а воедно ќе биде потребна целосна реорганизација на здравствениот систем.



Слични Објави