|

Касами најави инфраструктурна и урбана трансформација на Тетово

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, денеска на прес-конференција ја презентираше својата предизборна платформа доколку го добие вториот мандат. Тој нагласи дека првиот мандат бил фокусиран на итни интервенции и решавање на елементарни проблеми, како и регулирање на основната инфраструктура.

„Подготвени сме да го однесеме Тетово на друго ниво, со Второто поглавје за развој. Бидејќи Тетово не смее да се врати во ерата на анархија, хаос, лошо управување и корупција. Тетово мора да продолжи да се развива уште побрзо. Затоа, со задоволство ви го претставувам деталниот план, со конкретни проекти и мерки, за продолжување на овој развој“, истакна Касами.

Тој појасни дека програмата е подготвена по бројни консултации со експерти, граѓани, бизнисмени, младите и невладините организации. Според него, визијата за вториот мандат е насочена кон трајни решенија и стандарди, наместо привремени мерки, а платформата е документ составен врз основа на стратегии подготвени од релевантни институции и експерти.

„Второто поглавје ќе биде и поглавје на урбаната и инфраструктурната трансформација на Тетово. Тетово станува компактен, поврзан и зелен град. Го одобруваме Генералниот урбанистички план 2025–2035, пакет детални урбанистички планови од центарот до стадионот и по должината на булеварите Илирија и Илинден, планови за Попова Шапка, Урбан блок 57, Спортскиот центар и трговскиот центар. Ги забрзуваме процедурите за издавање дозволи, го градиме Плоштадот со подземен паркинг, ги завршуваме главните булевари, патните врски со селата и пешачките подвозници. Жичницата Тетово–Лисец–Попова Шапка станува реалност во соработка со Владата“, нагласи тој.

Касами посочи дека животната средина ќе остане во фокусот на локалната власт, преку проширување на зелените површини, креирање зелен катастар, садење 5.000 нови садници, воведување енергетска ефикасност во јавните згради и развој на зелена инфраструктура.

Слични Објави